Хроника 24. септември 2019. / 13:31

ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ ОД МВР: Синот на Локвенец сексуално нападнал девојка – потоа ја тепал!

ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ ОД МВР: Синот на Локвенец сексуално нападнал девојка – потоа ја тепал!

Ексклузивни документи достави свиркач до редакцијата на „Економски Лидер“. Документите сведочат за сексуалниот напад и физичкото насилство кои на 14 месецов во локал во Прилеп ги извршил Илија Локвенц, син на пратеникот Хари Локвенец.

Иако сексуалниот напад и насилството се пријавени во полиција, против мизогиничниот сексуален престапник Локвенец, сеуште не е поднесена кривична пријава.

Младата девојка Викторија од Охрид, во нејзиното сведочење пред полицијата, говори за ова мизогино насилство.

-На ден 13.09.2019 околу 03.34ч:04.00ч, јас и мојот другар Борче… од Велес бевме во клубот „Собрание“ во Прилеп. Кога излеговме да си одиме пред влезот на клубот ми пристапи пријавениот Илија кој сакаше да ме бакне, ме допре по задникот, јас го одбив и го оттргнав од мене бидејќи не сакав и тогаш Илија ме удри 5-6 пати со шамари по лицето. Тогаш мојот другар Борче сакаше да ме одбрани, а Илија и него го удри 2-3 пати со шамари по лицето по што избега. Ние се јавивме во полиција а потоа не упатија во ИМП Прилеп по што дојдовме во ПС од ОН Прилеп за да го пријавиме настанот. – сведочи девојката Викторија од Охрид, која била сексуално нападната и тепана од синот на пратеникот Хари Локвенец.

Откако ја наопаднал девојката, синот на пратеникот Хари Локвенец го тепал и нејзиниот другар кој сакал да ја одбрани. Сопственкот на локалот, го предупредил да не го пријавуваат случајот во полиција, затоа што таткото на сексуалниот престапник и напаѓач е пратеник.

-Знам дека се работи за лицето Илија Локвенец бидејќи го видов на социјалната мрежа „Фејсбук“. Сопственикот на локалот ни кажа дека е беспотребно да пријавуваме во полиција затоа што Илија Локвенец бил син на пратеник и никој ништо не му може.– сведочи другарот на сексуално злоставуваната и тепаната Викторија, кој исто така бил тепан од синот на пратеникот.

Двајцата потоа се обратиле и во болница, каде што им биле дијагностицирани повредите.

 

За случајот освен службена белешка, во МВР постои и записник.

Инаку, ова не е прв испад на синот на Локвенец, тој е познат и по тоа што предизвика сериозен инцидент на екскурзија во Црна Гора.