Хроника 19. август 2018. / 14:55

Едно лице загина во сообраќајка на патот Срумица-Берово

Едно лице загина во сообраќајка на патот Срумица-Берово

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила во 13.50 часот на патот Струмица-Берово, на излез од селото Дабиле, соопштува МВР .

Според првичните информации автомобилот излетал од патот и удрил во бетонски столб.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.