Единаесет камиони со отпад кој доаѓа од Грција се запрени на граничниот премин „Богородица“, дознава Сител.
Информацијата ја потврди и Министерството за животна средина и просторно планирање кое во соработка со Царинската управа и Државниот инспекторат за животна средина вршат вонреден инспекциски надзор на пратката со отпад (РДФ).
Примероците кои се земаат од пратката ќе бидат испратени на анализи во лабораторија во Скопје, а по нивната анализа резултатите ќе бидат споделени со јавноста. Како што беше претходно посочено пратката со отпад е наменета за Цементарницата УСЈЕ.