Хроника 15. ноември 2019. / 10:01

Еден загинат во пожар во Тетово

Еден загинат во пожар во Тетово

Едно лице загина во пожар што рано изутринава, околу 3:50 часот, избувна во импровизирана барака кај спортскиот центар во Тетово. Безживотното тело го пронашле пожарникарските екипи кои пристигнале на местото на настанот, објави Алсат.

Случајот го потврди и Секторот за внатрешни работи во Тетово. Истрагата е во тек а, телото е испратено до Институтот за судска медицина во Скопје. Според првичните информации, се претпоставува дека настраданото лице е бездомник.