Утринава на магистралниот пат Подмолје-Струга, на крстосницата кај селото Мислешево, се случила сообраќајна незгода, во која едно лице го загуби животот, а петмина се повредени, информираат од СВР Охрид.
Сообраќајната незгода, се случила помеѓу автобус со охридски регистарски ознаки и патнички автомобил „шери“ со струшки регистарски ознаки, управуван од сега починатиот.
На местото на сообраќајнате незгода, увид изврши надлежен Јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица Струга.