Хроника 08. јуни 2020. / 20:54

Еден загинат и неколкумина повредени кога мигранти бегале од полицијата

Еден загинат и неколкумина повредени кога мигранти бегале од полицијата
Илустрација

Едно лице загина, а неколкумина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на околу 19 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, пред крстосницата за селото Василево.

Според очевидци, во еден автомобил имало мигранти кои се превезувале со голема брзина, бегајќи од полицијата најпрвин удриле во едно возило и педесетина метри потоа излетале од патот и се забиле во ѕид. Покрај автомобилот седеле и лежеле неколку лица, најверојатно мигранти.

На местото на несреќата забележливо е силно полициско обезбедување, против пожарно возило и возило на итната медицинска помош.

Сообраќајот кон Струмица се насочува по стариот пат од Василево до градот.