Хроника 19. ноември 2018. / 10:35

Еден тешко повреден откако „мерцедес“ се преврте на патот Кадино-Миладиновци

Еден тешко повреден откако „мерцедес“ се преврте на патот Кадино-Миладиновци

Вчера во 07.00 часот на локалниот пат село Кадино- село Миладиновци, скопско, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(47) од Скопје излетало од коловозот и се превртело.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Т.Т. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот.