Вчеравечер ( 28 ноември ) околу 20 часот и 50 минути, во Полициската станица Тетово пријвено е нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект, лоциран на улица „ЈНА“ во Тетово. Во нарушувањето, односно меѓусебната тепачка учествувале четири лица, Б.М.( 29 ) и И.Р.( 22 ) од една и Б.А.(20 ) и А.А.(21 ) од друга страна. По пријавувањето, приведен е Б.М. и се работи на целосно расчистување на случајот.