Хроника 28. декември 2018. / 13:41

Еден од вработените заглавен во дуќанот кој гори во Центар?

Еден од вработените заглавен во дуќанот кој гори во Центар?

Четири противпожарни возила се борат со пожарот кој избувнал во дуќан за моторчиња и гуми на улица Јордан Мијалков. Според информациите до кои дојде Република се стравува и дека еден од вработените е заглавен внатре во дуќанот.

Во просториите имало и улје, поради што пожарникарите водат битка со огнот за да не се прошири. Од пожарот има и повредени.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.