Хроника 25. јануари 2020. / 19:59

Две сопатнички тешко повредени во сообраќајка

Две сопатнички тешко повредени во сообраќајка

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќаа што се случила ноќеска околу четири часот на улицата „Браќа Миладинови“ во Виница.

– Во 04:40 часот било пријавено дека во Виница на улицата „Браќа Миладинови“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „алфа ромео“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.И.(26) од Штип, и патничко моторно возило “поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.С.(59) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле В.С. и сопатничка од возилото “алфа ромео“ Е.И.(23) од Штип, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со повреди се здобиле С.И. и останатите сопатници од истото возило А.С.(19), Д.М.(27) и 17 годишно лице, сите од Штип – соопштија од МВР.