Хроника 31. март 2019. / 15:37

Две лиза заработија кривични пријави поради дело „компјутерска измама“

Две лиза заработија кривични пријави поради дело „компјутерска измама“

53 годишно лице со иницијали М.Ш. и 49 годишно со иницијали А.Ш. заработија кривична пријава поради постоење основано сомнение дека го направиле кривичното дело „компјутерска измама“.

Имено преку фондација именувана како „ Допир“ собирале средства за наводна помош на деца со посебни потреби и ретки болести. На ваков начин биле собрани над три милиони денари , кои парични средства во моментов се замрзнати..

Како што соопштуваат од МВР, пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист формирале Фондација “Допир” и креирале веб страна https://bidihumansega.mk/ која активно работела на собирање средства за помош на деца со посебни потреби и ретки болести.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, утврдено е дека регистрант на веб страната https://bidihumansega.mk/ е лицето М.Ш., кој и воедно е претседател на Фондацијата.

Во рамки на спроведената истрага, извршени биле низа проверки, при што е констатирано дека поголемиот дел од корисниците не постоеле, односно креирани БИЛЕ измислени, лажни, фиктивни профили преку кои веб страницата собирала донации и парични средства.

Притоа утврдено е и дека заклучно со 27.03.2019 година собрани биле 3 милиони 531 илјада и 199 денари.

-На 27-ми овој месец, а по претходно обезбедена судска Наредба за претрес, издадена од Основен суд Скопје I Скопје, извршен е претрес на деловни простории во стан во Скопје, при што се пронајдени голем број докази кои укажуваат дека лицата М.Ш. и А.Ш. свесно вршеле внесување невистинити податоци и фотографии од деца кои биле предмет за собирање парични средства по основ на донации и со тоа довеле во заблуда голем број граѓани и правни лица кои донирале парични средства, се наведува во соопштението на МВР со дополнение дека паричните средства од фондацијата се замрзнати.