27-годишник од село Батинци во полиција пријавил дека во раните утрински часови на 22 март било пукано кон неговиот автомобил, на излезот од ова село.
Според пријавата, тој се движел со својот „голф“, а во еден момент кон автомобилот со оружје почнале да пукаат двајца негови соселани, но не го повредиле.
По преземени мерки од полицијата, еден од злосторниците бил пронајден и приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.