Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер во 21,30 часот на магистралниот пат Штип-Делчево.
Како што соопшти МВР, се судрија патничко моторно возило „опел корса“ со винички регистарски ознаки, управувано од К.И.(19) од Виница, патничко моторно возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(20) од Виница, и патничко моторно возило „цитроен“ со бугарски национални ознаки, управувано од Љ.И.(34) од Кочани.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле К.И. и М.Т., кои биле пренесени во општата болница Кочани.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница.