Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случила на регионалниот пат Охрид – Свети Наум.
Несреќата се случила кога Г.Џ.(39) од Охрид, изгубил контрола над возилото и излетал од патот, информираат од МВР.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Џ.(32) од Охрид, по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.