Хроника 20. февруари 2021. / 22:00

Две лица повредени во сообраќајка на автопат Тетово-Гостивар

Две лица повредени во сообраќајка на автопат Тетово-Гостивар

На 20.02.2021 во 02:02 часот било пријавено дека на автопат Тетово-Гостивар  се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фолксваген голф“ со скопски регистарски управувано од Ј.Т.(28) од Турција, со времен престој во Скопје, и патничко моторно возило “Mерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(34) од с.Чегране.

Во незгодата возачот Ј.Т. се здобил со телесни повреди, а сопатничката Е.А.(25) од истото возило се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.