Хроника 15. април 2019. / 16:59

Две лица ограбиле пекара во Карпош

Две лица ограбиле пекара во Карпош

Ноќеска околу 03 часот во СВР Скопје било пријавено дека во пекара на ул. „Московска“, општина Карпош, две лица извршиле кражба.

Според пријавеното, додека едното лице разгледувало што да купи, другото одзело пари од касата.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.