Хроника 22. февруари 2021. / 17:23

Две лица ограбиле обложувалница во Скопје, пукале, избегале со автомобил и направиле сообраќајка

Две лица ограбиле обложувалница во Скопје, пукале, избегале со автомобил и направиле сообраќајка

На 21.02.2021 околу 20:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Јужноморавски Бригади“ две лица со закана одзеле пари и при излегување од објектот испукале еден куршум.

Според пријавеното, тие заминале со патничко возило „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, и на ул.„Фуштанска“ удриле во патничко возило „мицубиши“, по што го оставиле нивното возило и побегнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.