Хроника 27. јануари 2021. / 11:56

Две лица од Кичево заработија кривични – без лиценца вршеле превоз на патници

Две лица од Кичево заработија кривични – без лиценца вршеле превоз на патници

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Т.К.(33), Н.Л.(41) како и против правно лице, сите од Кичево.

При извршена контрола на 22.10.2020 година во Кичево, полициските службеници го затекнале Т.К. при вршење јавен превоз на патници со патнички автомобил „фолксваген голф“, сопственост на правното лице, информира МВР.

Притоа констатирале дека тој не поседува извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници, што е обврска на правниот субјект преку Н.Л. како одговорно лице.