Вчера во 03 часот и 05 минути на магистралниот пат Кичево-Охрид кај паркингот во село Другово,биле лишени од слобода две лица.
Од страна на полициски службеници било сопрено патничко моторно возило „БМВ“ управувано од 29- годишниот С.А од Прилеп за кого била распишана централна потерница по наредба од Казнено поправна установа “Идризово“ за издржување на казна затвор во траење од една година и два месеци.
Како сопатник во ПМВ било лицето 36- годишниот Ф.Е од Прилеп. При преглед во возилото од страна на полициски службеници пронајдени биле и одземени предмети за кои постои основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицата биле лишени од слобода и биле задржани во Полициската станица Кичево за понатамошна постапка.