Хроника 29. мај 2018. / 15:58

Две лица физички нападнале 26-годишник и му го одзеле мобилниот

Две лица физички нападнале 26-годишник и му го одзеле мобилниот

Дваесет и шестгодишниот А.Ц. половина час пред полноќ во Полициската станица Центар пријавил дека околу 22 часот и 20 минути на улицата „Кеј Димитар Влахов“ две непознати лица физички го нападнале, по што му одзеле мобилен телефон и го напуштиле местото на настанот.

МВР информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.