Две безживотни тела на две лица пријавени за исчезнати скршија две семејства во Белград денеска.
Српскиот Блиц информира дека 24-годишниот Стефан Максимовиќ кој бил пријавен за исчезнат, извлечен е од Сава, додека по него полицијата извлекла и тело од Дунав, на неидентификуван маж.
Со обдукцијата и идентификацијата се покажало дека и тој е маж кој бил пријавен за исчезнат.
Инаку, ранецот и алиштата на Стефан биле пронајдени на обалата. Тој дента кога исчезнал рекол дека ќе трча. Потоа, му се губи секоја трага.