Две деца, момче и девојчето на возраст од 3 и 1,5 година, загинаа во пожар што избувна во населбата Шуто Оризари.
Според првичните информации, двете деца загинале откако врз нив паднал покривот на импровизираната куќа во којашто живееле. Според кажувањата на локалните жители, децата починале пред да стигнат пожарникарите.
Како што информираат од од Противпожарната единица, пожарот бил пријавен околу 13.25 часот на улицата „Брсјачка буна“, во близина на пазарот во Шуто Оризари.