Во два одделни случаи на граничниот премин „Табановце“, во временска разлика од 45 минути, двајца државјани на Албанија се обиделе да ја напуштат државата со туѓи документи.
Во првиот случај, вчера во 12,15 часот од страна на полициски службеници е приведен И.З.(27) од Албанија бидејќи при пасошка контрола на преминот „Табановце“ било констатирано дека на увид приложил албанска патна исправа на име од М.Ц.(25) од Албанија. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.
Четириесет минути подоцна, во 13.00 часот на истиот граничен премин, од полициски службеници е приведен Б.Л.(21) од Албанија, бидејќи при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил албанска патна исправа на име од Б.К.(20) од Албанија. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.