Хроника 26. април 2018. / 17:06

Двајца тинејџери повредени во сообраќајка во Гостивар

Двајца тинејџери повредени во сообраќајка во Гостивар

Вчера околу 22.30 часот на крстосницата на улиците Гоце Делчев и Илинденска во Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале возило „сеат ибица“ и велосипед со мотор „јиа јуе матадор“.

Вчера околу 22.30 часот на крстосницата на улиците Гоце Делчев и Илинденска во Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале возило „сеат ибица“ со гостиварски таблици, управувано од К.С.(23) од Гостивар и велосипед со мотор „јиа јуе матадор“, што го управувал 16-годишен малолетник од Долна Бањица.

По несреќата, 16-годишното лице и неговиот 17-годишен сопатник, исто така, од Долна Бањица, со медицинско возило пренесени се во гостиварската Општа болница „Ферид Мурат“ за укажување лекарска помош, каде што им се констатирани телесни повреди.