Хроника 25. February 2019. / 12:10

Двајца сè уште во критична состојба: Поголем број од повредените кај Ласкарци денес си одат дома

Двајца сè уште во критична состојба: Поголем број од повредените кај Ласкарци денес си одат дома

Двајца повредени во сообраќајката кај Ласкарци сè уште во критична состојба. Седуммина од повредените се хоспитализирани во „ГОБ 8-ми септември“.

Четворица се хоспитализирани на Ургентен, од нив тројца се во добра состојба, додека еден пациент е на КАРИЛ во критична состојба.

Од Министерството за здравство за една телевизија велат дека се очекува поголем број од полесно повредените, во текот на денов да бидат пуштени на домашно лекување.