Хроника 05. февруари 2019. / 14:07

Двајца малолетници приведени за две кражби во Тетовско

Двајца малолетници приведени за две кражби во Тетовско

Двајца малолетници привела тетовската полиција како осомничени дека се сторители на две кражби извршени на први и трети февруари.

Едната кражба била извршена во возило на регионалниот пат Тетово Попова Шапка, а другата во објект на булеварот „Илинденска“ во Тетово, информираа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Осомничени како извршители на овие кражби се 17-годишник од тетовското село Озормиште и 15-годишник од Тетово.

Двете лица биле приведени во Полициската станица Тетово, а одземените парични средства и предмети што биле пронајдени кај малолетниците им биле вратени на нивните сопственици.

Се расчистува и документира случајот по што за сторителите на двете кражби ќе следуваат соодветни поднесоци најавија од полицијата.