Хроника 23. декември 2020. / 15:16

Се гонат двајца албански државјани: Употребувале лажни документи

Се гонат двајца албански државјани: Употребувале лажни документи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против двајца државјани на Република Албанија, за употреба на фалсификувани документи.

– На 19 декември на Меѓународниот аеродром Скопје, 37-годишниот обвинет и 27-годишната обвинета употребиле лажни исправи – италијански лични карти и возачки дозволи на други имиња, се вели во соопштението од ОЈО.

Лицата се гонат за кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.