Непознат сторител извршил тешка кражба во куќа во селото Кривогаштани, Прилепско.
Сторителот насилно влегол во куќата во сопственост на 60-годишниот М.Ш., при што одзел околу 20.000 евра.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.