Хроника 27. декември 2018. / 09:44

Дваесет и седум возачи возеле пoбрзo од дозволенoто, а девет под дејство на алкохол

Дваесет и седум возачи возеле пoбрзo од дозволенoто, а девет под дејство на алкохол

Според билтенот на МВР, во текот на изминатото деноноќие се случиле вкупно 11 сообраќајки од кои во три полесно се повредени четири лица, а во осум е причинета материјална штета.

Дваесет и седум возачи се казнети бидејќи возеле со поголема брзина од дозволената, а девет возеле под дејство на алкохол во изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје.

Од сообраќај се исклучени три нерегистрирани возила, а сообраќајната полиција издала казни за 50 возила кои биле непрописно паркирани. Со специјалното возило „пајак” биле подигнати 54 возила.

Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престигнување и двајца возачи кои немале зимска опрема во возилата.