Хроника 13. април 2019. / 11:36

Два пиштоли и муниција биле пронајдени во куќа во Чаир

Два пиштоли и муниција биле пронајдени во куќа во Чаир

Два пиштоли и муниција биле пронајдени во куќа во Чаир.

Според информациите на МВР, во четвртокот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простори на ул.„Дижонска 1“, каде што престојувал Д.К. (56) од Скопје.

При претресот биле пронајдени пиштол „Застава М57“ калибар 7,62мм, пиштол „Црвена Застава М57“ калибар 7,62мм и девет куршуми калибар 7,62 мм. По преземени мерки било утврдено дека еден од пиштолите е предмет на кражба.

Против Д.К.(56) е поднесена пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.