Хроника 19. јуни 2019. / 16:50

Драма во Скопје: Со автомобил во кој имале дрога удриле во полицаец што сакал да ги сопре

Драма во Скопје: Со автомобил во кој имале дрога удриле во полицаец што сакал да ги сопре

Автомобил „опел вектра“ синоќа удрил во полицаец во пределот на ногата, кога службеникот дал знак за запирање на возилото на улица „515“ во Скопје. По ова, полицијата презела мерки и автомобилот бил пронајден на улицата „512“, а во него имало марихуана, два мобилни телефона и алкохолни пијалоци.

Утврдено е дека возилото е сопственост на 60-годишник од тетовското село Желино, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.