Хроника 12. мај 2019. / 17:12

Драма во Скопје: Се скарале по сообраќајка, па го претепале

Драма во Скопје: Се скарале по сообраќајка, па го претепале

С.П. (48) од Скопје вчера во 23.15 часот пријавил дека истиот ден околу 23 часот на ул. „Методија Андонов Ченто“ физички бил нападнат од три непознати машки лица.

Тие го удриле повеќе пати во пределот на главата и лицето при што му се нанесени видливи повреди.

Според кажување на пријавителот, до физичкиот напад дошло поради меѓусебно нетрпение по претходна расправија околу сообраќајна незгода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.