Хроника 26. јули 2019. / 17:19

Драма во Скопје: Истепал човек, се пријавил во полиција, па нападнал полицаец

Драма во Скопје: Истепал човек, се пријавил во полиција, па нападнал полицаец

Синоќа во 00:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Трипун Хаџи Јанев“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 49-годишниот Д.Н. од Скопје и 26-годишниот Д.К. од Свети Николе, кои претходно биле заедно излезени.

Д.К. со остар предмет му нанел телесни повреди на Д.Н., по што побегнал. Д.Н. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош. Подоцна, Д.К. сам се пријавил во Полициската станица Гази Баба и се пожалил на повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Таму, тој почнал да се однесува агресивно и физички нападнал полициски службеници. Потоа Д.К. е задржан во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.