Разбојништво среде бел ден во се случило населба Аеродром, а нападнат и ограбен 57 годишен маж вработен во казино.
Како што објави Сител, тој бил пресретнат од две лица додека излегувал од канцеларијата на ланец казина. Го нападнале и му ја одзеле торбата со околу 200 000 денари. Неофицијално, тој пренесувал пари од промет на казиното каде работел. Разбојништвото се случило утрово околу 8 и 30, на паркингот од зградата каде се наоѓа канцеларијата.
Додека клечел на колена целиот во крв, напаѓачите се заканувале со пиштол по што со мотор избегале во непознат правец.
Според очевидци на настанот, нападнатиот маж не бил сам, со него имало и други лица, најверојатно вработени во казиното. Тие биле во автомобилот кога се случило разбојништвото. Во нив било вперено оружјето, а откако напаѓачите избегале со моторот, тие излегле да му помогнат на колегата, дознава Сител.
МВР го потврди разбојништвото но детали за напаѓачите не откриват. Нема информација ниту колку пари точно украле напаѓачите. Од МВР информираа дека на булевар АВНОЈ дека од вооружени лица физички бил нападнат и ограбен 57-годишен маж вработен во казино.