Голем скандал се случил во Неи Пори, Грција, каде што познатата македонска ракометарка Адријан Будимир одржувала камп.
Како што пренесува А1он, македонски тинејџери на возраст од 17-18 години биле нападната од група грчки тинејџери, бидејќи зборувала на македонски јазик.
Имено македонските граѓани додека биле во сајбер кафе, од страна на вработената биле запрашани од каде се, по што добиле одговор од Македонија.
Тука настанал кавга, по што жената повикала група грчки тинејџери кои дошле и ги нападнале нашите деца, по што настанала општа тепачка, па интервенирала грчката полиција.
Како што се наведува, младите ракометари од Македонија веднаш се вратиле во нашата држава, а некои од нив завршиле во болница со телесни повреди.