Двајца советници од општина Охрид, денеска се степале среде седница, на која се гласал ребаланс на буџетот, пренесе Сигнал.
Советникот од ДУИ Нефи Усеини и Џемаил Мена од коалицијата Беса/Алијанса за Албанците, физички се пресметале во салата каде што се одвивала седницата.
Присутен на настанот бил и градоначалникот на Охрид.
Советниците најпрво почнале на албански јазик вербално да си дофрлуваат, а подоцна и се степале.
Настанот е пријавен во полиција.