На 01.02.2020 во 13.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на Средно Водно настанал пожар во патничко возило „пежо 308“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.С.(29) од Скопје. Според пријавеното, М.З.С., додека била во движење со возилото, забележала чад од хаубата, по што застанала на паркингот.
Пожарот е изгаснат од присутните. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.