Хроника 08. февруари 2019. / 10:50

Драма на Попова Шапка: После шест часа пронајдени двајцата изгубени скијачи

Драма на Попова Шапка: После шест часа пронајдени двајцата изгубени скијачи

Драматична потрага се случуваше синоќа на Попова Шапка каде што двајца скијачи се оддалечиле од групата која што заедно скијала на една од патеките. Тие не биле достапни на мобилните телефони, а веднаш почнала потрага по лицата. Истите биле најдени околу 2:30 часот, односно шест часа откако биле пријавени за изгубени.

Триесет и шестгодишниот тетовец Љ. С,  вчеравечер (7 февруари) околу 19 часот и 30 минути, во Полициското одделение Попова Шапка пријавил дека 29-годишниот М. Љ. и 45-годишниот Ш. Ф, исто така, од Тетово, се оддалечиле од групата со која заедно скијале на потегот од Лисец кон Долно Палчиште, по што заталкале и веќе не биле достапни на нивните мобилни телефони. Веднаш e организирана потрага по двете лица, во која учествуваа повеќе полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, а во содејство со Горскоспасителна служба, се упатиле кон посочените места и ноќеска (8 февруари) околу 2 часот и 30 минути лицата се пронајдени, а потоа пренесени до Долно Палчиште, од каде со полициско возило, биле пренесени до нивните домови, велат од МВР.