Хроника 07. февруари 2020. / 23:00

Докторка нападнала пациентка во Чаир

Докторка нападнала пациентка во Чаир

Возрасна лекарка, сопственик на приватна ординација во скопската населба Чаир, е пријавена во четвртокот за напад врз жена, нејзина пациентка.

Како што соопштува МВР, вчера во 14 часот во СВР Скопје, 49-годишната Л.Ј.од Скопје пријавила дека околу во здравствена установа во трговски центар на улицата „Цветан Димов“ во Скопје била физички нападната од 63-годишна Б.З. од Скопје, сопственичка на установата.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.