Хроника 21. април 2020. / 17:00

Дисциплински постапки за полицајците што го приведоа момчето со миленик

Дисциплински постапки за полицајците што го приведоа момчето со миленик

Лицето С.Б кој вчера околу 14:30  беше приведен од страна на полиција во улицата „Антон Панов”, во Скопје, бил надвор од својот дом, заедно со домашен миленик, спротивно на владината уредба и пропишаното време за прошетка на домашни миленици во време на полициски час, информираат од МВР.

Истовремено од МВР констатирале дека при преземање на службените мерки и дејствија полициските службеници работните задачи ги извршувале спротивно на упатството за начинот на однесување на работниците во МВР, во услови на прогласена вонредна состојба предизвикана од појавата на коронавирус.

– Против полициските службеници кои преземале службени дејствија спротивно на пропишаните правила и прописи од страна на ОВККИПС иницирана е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, соопштија од МВР.