Хроника 10. јули 2020. / 20:23

Дисциплинска за полицаецот кој удри граѓанин при вршење на редовна служба

Дисциплинска за полицаецот кој удри граѓанин при вршење на редовна служба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР по добиениот видео запис на кој е снимено како униформиран полициски службеник удира граѓанин, постапи согласно своите надлежности и утврди дека на 06.07.2020 во 16:30 часот при вршење на редовна служба полициски службеник запрел возач со патничко возило ,,јагуар“ кој претходно не ги почитувал сообраќајните правила и прописи.

На возачот, за констатираниот прекршок му бил издаден прекршочен платен налог при што, соопштија денеска од МВР, полицискиот службеник без основ употребил физичка сила – удар со рака во пределот на лицето.