Хроника 19. април 2018. / 10:03

Директорот на затворот во Гевгелија „заборавил“ да пријави избеган затвореник

Директорот на затворот во Гевгелија „заборавил“ да пријави избеган затвореник

Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против П.Н. (62) од Гевгелија поради сомневање за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување”.

Во периодот од 31 јули до 14 август 2017 година пријавениот, како директор на Казнено поправната установа Затвор–Гевгелија, откако на 31 јули осудениот А.Т. не се вратил од викенд отсуство, не издал наредба за распишување на потерница, односно веднаш не го известил Министерството за внатрешни работи.