Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (52) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од 23.03.2011 до јануари годинава пријавениот, како директор на јавно комунално претпријатие “Козјак“ во Старо Нагоричане, овозможил 414 жители на Старо Нагоричане да ја користат водата за пиење и наводнување, без редовно да ги плаќаат сметките. При тоа, пријавениот за ненаплатените сметки не поведувал соодветни судски постапки. Со ова, пријавениот му нанел штета на ЈКП “Козјак” од 7.997.693 денари.