Хроника 25. декември 2018. / 15:38

Директорка на училиште во Прилеп вршела јавни набавки без тендер

Директорка на училиште во Прилеп вршела јавни набавки без тендер

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против М.Д. (39) од Прилеп за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавената, во текот на 2017 година, како директор на основното училиште „Блаже Конески“ – Прилеп, вршела набавки на стоки и услуги, без да спроведе постапка за јавна набавка и писмен договори со економските оператори.

Исто така, пријавената, во повеќе наврати, спротивно на законот на јавни набавки, односно без одобрување од општина Прилеп, вршела набавки на стоки и услуги од фирми. На овој начин, пријавената, предизвикала материјална штета од 3.069.454 денари на буџетот на општина Прилеп.