Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишник од Нов Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Како што информираат од МВР, во периодот од февруари 2014. до ноември 2017 година, пријавениот како вршител на должност директор на Јавно претпријатие за комунални дејности „Комуналец-Полин“, Стар Дојран, од благајната на јавното претпријатие, противправно зел аванси во износ од 2.503.000 денари.