Моника Ристеска која беше приведена, бидејќи на јавно место пушеше марихуана, а потоа пуштена, повторно објави видео како пуши џоинт.
Таа во видеото објавено на нејзиниот фејсбук-профил, прашува дали пушењето е дозволено дома и воедно констатира дека е богохулие да се забрани оваа лековита билка.
„Секоја употреба е медицинска, али рекреативно тоа е превентивно“, заклучува таа на крајот од видеото.