Дваесет и седумгодишна девојка била киднапирана и нападната од нејзиното поранешно момче. Според полицијата, А.Д. вчера во 13 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавила дека претходната вечер околу 18 часот противправно била лишена од слобода од страна на поранешното момче Ф.Ќ.(22).
Додека стоела на автобуската постојка на Бит-пазар, тој ја повикaл да влезе во неговото возило, а потоа излегол од него и насилно ја внел во возилото со цел да разговараат за причините за прекинатата љубовна врска. Потоа се упатиле кон Парк-шумата „Гази Баба“ каде физички ја нападнал. Тој ѝ ги одзел личните документи и се оддалечил од местото на настанот, а по кратко време ја пресретнал и ја однел со возилото на бензинска пумпа каде што побарала помош од вработените. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.