Полициски службеници од Полициската станица Свети Николе вчера во 16:15 часот ја лишиле од слобода А.П.(19) од село Горобинци, светиниколско, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „кражба“.
– Таа, на 15.12.2019 во 01:00 часот отишла во куќа сопственост на М.Ј.(79) на ул.„4-ти Јули“ во Свети Николе и под изговор дека и било ладно, побарала да влезе и да се стопли. М.Ј. ја пуштил внатре и во еден момент кога излегол од собата, од дрвено сандаче одзела пари во износ од 301.700 денари во разни апоени, по што ја напуштила куќата. Парите му биле вратени на сопственикот, а против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во билтенот на МВР.