Вчера во 22:40 часот било пријавено дека во Тетово на булеварот „Благоја Тоска“ патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.И.(29) од тетовското село Боговиње удрило во пешак на возраст од 13 години од Тетово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.