Хроника 26. април 2019. / 22:18

Дете прегази друго дете во село Боговиње

Дете прегази друго дете во село Боговиње

Околу 19:10 часот, било пријавено дека на локалниот пат во село Боговиње, 14-годишно дете управувајќи велосипед удрило во 10-годишно девојче од село Боговиње.

Девојчето се здобило со повреди и е пренесено во Клиничка болница-Тетово, а потоа во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила увидна екипа при Сектор за внатрешни работи Тетово.